Иако Tesla има доста проблеми со доцнење на производството и загуба на пари, Model 3 е сепак многу профитабилен за компанијата.
Врз основа на изјавите на инженери кои го „растурија“ Model 3 поради германските произведувачи, изработката на едно вакво возило чини околу 28.000 долари.
Тоа вклучува 10.000 долари трошоци за самото производство и 18.000 долари трошоци за материјали.
Во однос на тоа дека Tesla се уште не ја продава најевтината верзија од 35.000 долари, компанијата прилично профитира со секој продаден Model 3.
Тој профит се остварува најмногу и поради батериите во овој автомобил, кои користат многу помалку кобалти во однос на конкуренцијата на Tesla.
Не е познато како е тоа изведено, но Tesla и Panasonic наводно откриле начин како да користат две третини кобалти помалку отколку во традиционалните батерии.
Еден од инженерите истакна дека ако Tesla ја достигне планираната цел од 10.000 единици неделно, Model 3 значително ќе ја зголеми профитабилноста на компанијата.
Меѓутоа, постојат и експерти кои се сомневаат во овие тврдења.
Така, професор од универзитет во Мичиген Ерик Гордон, смета дека Model 3 чини значпително повеќе поради други трошоци, како оние за проширување на фабриките, дилерската мрежа, односно дека Tesla може да заработува на овој автомобил само ако го продава за најмалку 50.000 долари.
Извор: B92.net
Поврзани артикли