Facebook и Httpool со задоволство го најавуваат стратешкото партнерство во Балканскиот регион. Httpool стана официјален партнер за препродажба на Facebook на Балканот, вклучувајќи ги Бугарија, Хрватска, Србија и Словенија.

Facebook ја препознава можноста ова долгорочно партнерство да им користи на локалните агенции и огласувачи, за тие да допрат до побројни публики и да остварат значајна комуникација со корисниците, со што ќе се подобри потенцијалот на локалните бизниси.

Httpool, како официјален партнер за продажба на огласи на Фејсбук, ќе обезбеди поддршка, знаење и стручни информации за локалните бизниси и ќе им помогне со маркетинг стратегиите преку Facebook, Instagram, Facebook Messenger и Whatsapp. Целта на соработката е да се обезбеди директна поддршка за огласувачите во дадена земја на Балканот, преку партнер со силна позиција, стручност и докажано искуство во регионот.

Нашата програма за препродавачи ја дизајниравме така што ќе ги доближиме сите наши знаења и стручност до огласувачите во балканските земји, каде што Facebook нема физичко присуство. Денес со задоволство најавуваме дека одиме чекор понатаму и додаваме уште поголема вредност на бизнисите во регионот – изјави Роберт Беднарски, Директор за Централна и Источна Европа, Facebook.

Ова партнерство е уште еден доказ за водечката позиција и успешното работење на Httpool во регионот. Задоволство ни е што ќе му помогнеме на Facebook во воведувањето најнови рекламни решенија во регионот и на различни брендови и агенции ќе им обезбедиме директна поддршка на највисоко извршно ниво – вели Аљоша Јенко, Основач и Извршен директор на Httpool.

Со ова партнерство ќе се воведат најдобрите практики на Facebook како и обука, техники за развој на стратегија и можност за локално плаќање во регионот, со помош на експертските процеси за огласување на Httpool. Дополнителни предности за агенциите ќе бидат тимските обуки, директната наплата како и директната поддршка за прашања поврзани со огласувачките политики.

Огласувачите во регионот користат Facebook и Instagram за да се поврзат со нивната публика на значајни начини. Благодарение на стратешкото партнерство со Httpool, ќе обезбедиме поголема поддршка со посебно дизајнирани обуки и поддршка од експерти – нагласува Рустам Зиганшин, Партнер за препродажба за ЦИЕ регионот во Facebook.

За повеќе информации за ова стратешко партнерство, ве молиме обратете ни се на: [email protected]