Индија успешно ја тестираше својата најнапредна балистичка ракета во неделата изутрина, објави Министерството за одбрана. Индиското министерство на Твитер постави фотографија од тестот на балистичката ракета „Агни-5“, најнапредната индиска ракета способна да носи нуклеарно оружје.

Ракетата чиј досег е до 5.000 километри, беше лансирана од островот Абдул Калам во 09:45 по локално време, објави Министерството, додавајќи дека биле исполнети биле сите цели на мисијата.

Во последниве години, Индија ја развива својата нуклеарна и ракетна програма во услови на зголемена стратешка конкуренција со Кина, пренесуваат медиумите. Тензиите меѓу двете земји се зголемија минатата година поради спор околу дел од границата во областа на Хималаите.

Индија претходно изврши пет успешни тестови на ракетата „Агни-5“. Првпат беше тестирана на 19 април 2012 година, а петтиот тест беше спроведен на 18 јануари годинава.