Високи планини и бескрајни долини се кријат под мразот на Антарктикот. Ова е дел од новото научно откритие на еден британски истражувачки тим. Скриени под мразот, планини и долини со пејзажи кои никој и не може да ги замисли, се дел од природните феномени на планетава за кои се уште немаме одговори.

Во западниот дел на Антарктикот, мразот е прилично висок и може да покрие вистинско богатство, составено од високи планини и долини во должина и од стотици километри.

Откритието е дело на тим од британски научници од Универзитетот во Нортамбрија, кој ја предводеше првата истражувачка тура во регионот на Јужниот Пол, дел од проектот „PolarGAP“ на Европската вселенска агенција. Проектот опфаќа скенирање на областа со радар способен да навлезе во мразот, и да отчита што има длабоко под површината. Научниците велат дека успеале да откриле три долини кои го поврзуваат источниот и западниот дел на Антарктик.

Најголемата од овие долини е долга 350 километри, растојание како меѓу Вашингтон и Њујорк. Неговата ширина надминува 30 километри, и затоа е поголема од онаа на Менхетен. Другите две долини се малку помали: 320 на 15 километри и 150 на 30 километри. Сега научниците работат на нови откритија кои треба да потврдат кои последици би се појавиле доколку долините поради мразот кој се топи излезат на површината