Американската технолошка компанија IBM го тестираше својот комјутер во дебатата против двајца учесници, во првата јавна демонстрација на технологијата на вештачка интелигенција на која работи повеќе од пет години.

Компанијата го претстави својот “Project debater” во понеделникот во Сан Франциско. Компјутерскиот систем за дебата е олицетворен во 1,5 метри висока машина во форма на монолит, пренесува агенцијата AP.

На молбата да дебатира во корист на вселенските истражувања кои ги субвенционира владата, што е тема која не ја проучувал, компјутерот брзо ги изнесе воведните аргументи, извлекувајќи ги собраните податоци од својата база на новински текстови и магазини.

Потоа ги сослуша контра-аргументите на луѓето и изнесе четириминутно побивање на нивните ставови.

Истражувачкиот тим на IBM, стациониран во Израел, почна да работи на проектот недолго откако компјутерот на IBM, Watson ги совлада двата квиз-мајстора во натпреварувањето по име Џепарди во 2011. година.