Астрономите забележаа нешто што би можело да биде планета на која е можен живот, а која кружи околу една од ѕвездите најблиску до нашиот Сончев систем.

Научниците забележале знаци на ветувачка светла точка во близина на бинарниот пар sвезди Alpha Centauri A, кои кружат толку блиску една околу друга што изгледаат како една ѕвезда во соѕвездието Кентаур.

Бинарниот систем на ѕвезди Alpha Centauri е оддалечен 4,37 светлосни години, а би можел да содржи планета на која е возможен живот. Меѓутоа, со оглед на фактот дека само што е откриена, научниците ја нарекуваат „планета кандидат“, бидејќи би можело да се испостави дека станува збор само за ѕвездена прашина, астероид или дури и проблем со телескопската опрема.

Меѓународниот тим научници го проучуваат откритието како дел од експериментот „New Earths in the Alpha Centauri Region“, кој го финансира проектот часовник Breaktrough watch, а чија цел е откривање и анализа на карпести планети со големина на Земјата.

Научниците го користат телескопот VLT управуван од Серо Паранал во чилеската пустина Атакама.