Научници на површината на Плутон откриле пространи дини од зрнца заледен метан, ситни колку песок, кои ги нанел ветрот.
Дините се снимени 2015 година од вселенскиот брод на НАСА, „Нови хоризонти”. Зафаќаат 775 квадратни километри и се наоѓаат близу планинскиот венец Ал Идриси Монтес, кој е настанат од замрзната вода, соопштуваат научниците од американската Национална аеро-вселенска администрација (НАСА).
– Иако е доста далеку од Земјата и е прилично студен, Плутон има хаотични процеси какви што никогаш не сме очекувале. Многу е поинтересен отколку што мислевме, и тоа ќе рече дека далечните небесни тела се вредни да се посетат – смета професорката Џени Радебаух од Универзитетот Бригам Јанг.
Ова откритие е изненадувачки и постои сомнеж дека атмосферата на Плутон, која е релативно тенка и воглавно составена од нитроген, со мала количина метан и јаглен моноксид, може да собере толку ветер којшто би ги оформил овие дини. Површината на Плутон е составена од рамнини, планини, кратери и долини.
– Дините можат да се појават на сосем неочекувани места. Се формираат на планети со доста различни атмосфери – од Венера до Плутон – вели еккспертот од Универзитетот на Плимаут, Мет Телфер.
https://www.youtube.com/watch?v=JlaOwJ2gL9I
Извор: B92.net
Поврзани артикли