Секое колонизирање на Марс во блиска иднина ќе бара значителна жртва од колонизаторите. Ако е потребно, за опстанокот на заедницата дел од нив ќе мора да се откажат дури и од интимни врски и секс.

„Се разбира, постоењето на автономни колонии на Марс ќе биде невозможно без можност за забременување, од друга страна, обидите за извршување на оваа акција ќе доведе до масовни, речиси, нерешливи проблеми“, вели Рафаел Маркез од Националната лабораторија на биолошките науки во Кампинас, Бразил.

Во септември минатата година, Елон Маск, извршниот директор на SpaceX, ги најави амбициозните планови за колонизација на Марс, во која тој планира да создаде дополнителна  ракета и флота од илјадници еднократни вселенски бродови, кои до крајот на векот на Марс ќе пренесат речиси еден милион луѓе. Главната цел на овој процес е изградба на одржлив град кој ќе овозможи новите жители на Црвената планета да ги имаат потребните услови за живот, слично како и на Земјата.

Маркез и неговите колеги земајќи ги во предвид не само можните технолошки бариери за колонизација на Марс, туку и биолошките последици од животот на друга планета, велат дека првата група колонисти ќе бидат осудени на откажување од секс и бременост. На пример, високо ниво на зрачење се смета за една од главните пречки за реализација на ваква мисија. Пред пет години, податоци од инструментот RAD на роверот Curiosity, собрани во текот на летот на Црвената планета, покажаа дека за време на патувањето едно лице може да добие доза на зрачење која е смртоносна. Подоцна се покажа дека изложеноста на зрачење на површината на Марс е речиси иста како и во вселената.

Токму силното зрачење и недостигот на “нормална” гравитација на Марс ќе влијаат на животот на бремените жени чиј имунолошки систем за време на фетацијата на фетусот ќе биде нарушен. Оваа опасна комбинација истовремено може да го промовира и појавувањето на развојните дефекти кај детето и да ја зголеми шансата за смрт од инфекции кај мајката.