Кон крајот на 2017 година по патиштата ширум светот возеле над 3 милиони електрични и хибридни автомобили, објави Меѓународната агенција за енергија (IEA) во својот годишен извештај.
Според податоците, тоа е зголемување од 54 отсто во споредба со 2016. За ваквиот голем глобален раст, најзаслужна е Кина, каде што само во текот на минатата година биле продадени 580.000 електрични (EV) и хибридни (PHEV) возила.
Иако растот на продажбата на електрифицирани автомобили во моментов е највисок во Кина и во САД, најголем удел на пазарот на овој тип на возила е забележан и во некои европски земји, како Норвешка (39%) и Исланд (12%).
Кина не е само светски лидер во продажбата на електрични автомобили, но исто така во земјата има и значително зголемување на електричните автобуси и електричните возила на две тркала.
Со растот на бројот на електрифицирани автомобили во светот, од година во година се зголемува и бројот на полначи, како на оние приватните, кои се наоѓаат по домовите и бизнис објектите, така и на јавните станици за полнење на батерии.
Поврзани артикли