Mozilla подготвува премиера на следната голема верзија на својот популарен веб прелистувач кој ќе биде достапен за корисниците во октомври 2018.

Едно од најинтересните подобрувања што нè очекува во Mozilla Firefox 63 е поврзано со подобрената заштита против алатки за следење на нашата активност во интернет.

Оваа функција ќе биде овозможено стандардно во веб прелистувачот и исто така ќе не штити од веб сајтовите, кои генерираат криптовалута, информира TechRepublic.

Tака Mozilla Firefox автоматски ќе блокира „колачиња“ кои генерираат информации за активноста на корисниците и ја споделуваат со други сајтови. Многу луѓе го потценуваат овој проблем или дури и не се свесни дека тоа е популарна пракса во интернет. Слични скрипти за следење на корисниците може да се користат за рекламна активност и во одредени случаи би ја намалило опипливо брзината на интернет конекцијата. Firefox 63 ќе предложи ефикасно решение на овој проблем.

Компанијата планира да воведе неколку измени во интерфејсот на Firefox 63, за да се олесни на корисниците во управувањето и подесувањето на функцијата за блокирање на следењето во интернет.

Новиот веб прелистувач ќе ги блокира сите обиди на надворешните сајтови да ги користат компјутерите за генерирање на криптовалута што ги изложува на сериозен ризик нашите лични податоци. Напорите на Mozilla да ја подобрат работата на Firefox можат да го претворат во вистинскиот избор за луѓето кои даваат приоритет на безбедноста на личните податоци.