Секоја година, компаниите кои работат на интернет безбедноста, како SplashData, ги објавуваат листите на најчесто хакираните лозинки. Сигурно нема да се изненадите ако на врвот на овие листи ги видите лозинките како 123456, qwerty или password.

Но, на овие годишни листи, честопати се појавуваат и т.н. „тренд-лозинки“ кои во рамките на една тековна година зависат од она што е тренд, модерно и популарно во светски рамки. Со растот на популартноста на некои книги и телевизиски серии, во последните години една од најлесно хакираните лозинки на корисниците на интернет услугите е – dragon.

Експерти за лозинки и безбедносни истражувачи ја утврдија причината поради која во последните неколку години dragon стана „тренд-лозинка“. Неколку луѓе изјавиле дека со години го користеле dragon како лозинка, само затоа што, им се допаѓале змејовите, а некои биле страсни фанови на сериите како „Game of Thrones“ или книгите за Хари Потер, Господарот на прстените…

Од слична причина меѓу најхакираните лозинки се и football, monkey и starwars.