Осум минути трае најкраткиот меѓународен лет во светот. Линијата на авиокомпанијата „Аруба Ерлајнс“ ги поврзува Аруба, карипски остров под суверенитет на Холандија, и градот Пунто Фихо, на северот на Венецуела.

Растојанието меѓу двата аеродрома е 80 километри, а на оваа линија ќе лета „бомбардиер ЦРЈ200“. Летовите на експресната авиолинија ќе се одвиваат двапати неделно, а најевтиниот билет ќе чини околу 200 долари.

Пред повеќе од една година згасна дотогаш најкратката авиолинија во светот меѓу Алтенрхајн во Швајцарија и Фридрихшавен во Германија. Австриската компанија „Пиплс Виеналајн“, која го одржувала 8-минутниот лет, се одлучила на тој чекор поради слабиот интерес од патниците.
Извор: Макфакс