Компанијата Apple има намера да воведе нова функција која ќе им овозможи на корисниците на iPhone да ги отклучуваат куќните врати и автомобилите со помош на смартфонот.

Engadget пишува дека тоа ќе биде можно благодарение на NFC чипот (комуникација на блиско поле) во iPhone, кој овозможува користење на услуги како што е Apple Pay. Така чипот ќе добие поширока примена.

Промената на NFC чипот се очекува следниот месеџ и би требало да го означи почетокот на користењето на iPhone за други сигурносно осетливи интеракции, од плаќање на превозот преку отклучување на вратите до проверка на идентитетот.

NFC чиповите можат да се користат на бројни начини, вклучувајќи ја употребата во здравствената индустрија.

Промените ќе ги донесе претстојниот iOS 12, а на овие можности Apple работи уште од 2014. година заедно со компанијата HID Global. Претставувањето на новите можности се очекува од 4 до 8 јуни на Woldwide Developers Conference (WWDC), што и оваа година ќе се одржи во Сан Хозе.