Опишувајќи го пропаѓањето на Старото кралство Египет, археологот кој го пронашол гробот на еден од владателите од тој период, предупредува дека историјата би можела да се повтори во нашата цивилизација.

Откритието на пирамидата на Кенткаус Трета, кралицата од Старото кралство на Египет би можела да содржи некои непријатни вести за денешното човештво, пренесуваат од „Daily Express“.

Откритието на гробницата, како и натписите и артефактите пронајдени во неа кои даваат увид во кралскиот живот кој “не бил толку многу гламурозен“ помогнале да се расветли “злобната историја на Старото кралство“, смета професорот Мирослав Барт, водач на тимот на чешки археолози кои ја пронашле таа гробница.

Барт објаснил дека во тој период Старото кралство се соочувало со “главните критички фактори како што биле ужасните влијанија на непотизмот и климатските промени кои довеле до дезинтеграција на ерата на градителите на пирамидите“.

„Без дождови немало очекувана жетва, а поради лошите даноци немало средства за државниот апарат и одржување на државната идеологија и интегритетот на земјата“ – објаснил археологот.

Барт напоменил дека историјата би можела да се повтори на што укажуваат климатските промени со кои денес се соочува нашата планета.

„Би можеле да се најдат многу паралели со нашиот, модерен свет кој исто така се соочува со многу внатрешни и надворешни предизвици. Изучувајќи го минатото многу може да се научи на сегашноста во која живееме. Не се разликуваме многу од тогашните луѓе иако луѓето многупати мислат дека “ова време е поразлично“ и дека ние сме поразлични, но не сме“ – смета археологот.

Извор: Informer.rs