Џек Дорси, главниот извршен директор на Twitter, воопшто нема лаптоп и тврди дека има добра причина за таквиот негов потег.
На неодамнешна конференција за новинари во Сиднеј, Дорси откри дека нема ниту персонален деск компјутер, ниту лаптоп, туку дека сите свои деловни обврски ги брка преку смартфон.
„Користам само мобилен телефон. Тоа ми е многу важно, затоа што ги исклучувам сите нотификации и можам да се фокусирам само на една работа која во тој миг ми е најважна. На лаптоп секогаш нешто ми го одвлекува вниманието“, вели Дорси.
Тој смета дека добар смартфон го може сето она кое кое го може и лаптопот и дека нема потреба да ги има и двете. Додаде дека вработените во Твитер често имаат состаноци во живо на кои разговараат и дека за време на таквите состаноци сите лаптопи и мобилни се исклучени, за да се водат што поквалитетни разговори.
Дорси нема лаптоп, а нема ниту профил на Instagram и Facebook.
— jack (@jack) March 17, 2017
Извор: Index.hr