Доколку немате доволно пари за поставување на соларен кров на својата куќа, а би сакале да ги намалите сметките за струја со помош на некој систем за добивање бесплатна енергија, можете да размислите за паметните SolarGaps ролетни.

SolarGaps ролетните можат да генерираат 50 ватчасови енергија по метар квадратен. Секое ребро на себе поседува тенки сончеви панели кои се споени на мотор кој ги насочува кон сончевите зраци, а енергијата која се собира се складира во батерии.

Производителите велат дека соларните ролетни не се сосема нова работа на пазарот, но SolarGaps создава значително повеќе струја во однос на другите.