Голем облак со јаглероден диоксид се надвисна над езерото Ниос во долината во близина на границата меѓу Камерун и Нигерија на 21 август 1986 година. Облакот усмрти 1.746 луѓе од околните села и повеќе од 3.000 животни.

Иако ова звучи како сценарио од хорор-филм, беше реалност за жителите на целото подрачје. Вулканската ерупција што се случила 400 години претходно направила огромен кратер во езерото во кој со векови се насобирала огромна количина јаглероден диоксид.

„Длабоко под површината гасот отпатувал во подземјето и создал извори полни со јаглероден диоксид“, вели доктор Џорџ Клинг, биолог од универзитетот на Мичиген и додава дека проблемот со јаглеродниот диоксидот е што се насобира и се крева како во шише со газирана течност. Клинг додава дека тој огромен притисок не може да се види додека има капаче на шишето, што во езерото е тежината на водата.,

„Во моментот кога ќе се крене капачето, тоа ќе експлодира како изматено шише со газиран пијалак, односно јаглеродниот диоксид ќе избие на површината. Она што ќе го притисне копчето за експлозија на езерото може да биде земјотрес или пороен дожд“, вели Клинг.

Вулканолозите и инженерите се обидуваат да го намалат ризикот од избивање јаглероден диоксид кај ваквите езера, кои ги има само три во светот, првенствено со помош на цевки низ кои се испумпува гасот.

Извор: Макфакс