Пред една година џиновска санта мраз се откачи од Антартикот и заплови по ладниот океан. Сантата која е со големина од над 5.000 километри квадратни, патуваше 45 километри северно-источно пред да се заглави во реонот познат како Боден.

Според научниците, ова може да биде голем проблем, бидејќи ветровите и струите на водата прават сантата да притиска врз остатокот од Антартичката ледена покривка, со што може да доведе до отцепување на огромен дел од Антартикот. Отцепувањето на ледената покривка во тој реон ќе предизвика покачување на нивото на морињата и океаните низ целиот свет.

Тоа претставува голем проблем бидејќи најголемите градови во светот се наоѓаат на океански брегови, и можат многу лесно да бидат поплавени.

Како и да е, тоа се уште се нема случено, сантата можеби ќе се одглави и ќe заплови слободно.

Научниците, исто така, се многу нетрпеливи да го истражуваат делот што се отцепи, бидејќи во новите изложени делови можат да постојат микроби или животни кои што до сега беа непристапни.

Во февруари, тим од биолози не успеа да пристигне до тој дел, кога слој од мраз го спречи бродот да заплови во овој реон.

Нов обид е планиран во јануари 2019. година, но овој пат научниците ќе патуваат со Јужно Африкански брод мразокршач.