Tinder отиде чекор понатаму – на многумина нема да им се допаѓа во кој правец.

Дали сакате секој да може да види каде сте биле? Веројатно не. Но, тоа ништо не му значи на Tinder кој подготви нова функција која ќе го прави баш тоа.

Новитетот наречен Place ќе ја следи вашата локација со помош на апликацијата и потоа ќе ви испраќа потенцијалните партнери врз основа на местото кое сте го посетиле.

Идејата е дека луѓето сега можат да налетаат на конекции кои можеби ги пропуштиле во вистинскиот живот.

За среќа, корисниците сами ќе одлучуваат дали сакаат оваа опција да им биде активирана или не.

Ако ова ви се чини како одлична идеја, имаме неколку дополнителни информации за вас, поради кои можеби ќе се замислите.

Наместо да им дозволува на корисниците сами да се чекираат кога се на некоја локација, Tinder цело време ја следи локацијата на корисникот и потоа донесува одлука за тоа од кои места ќе ви испраќа потенцијални кандидати.

Сепак, локациите постари од 28 дена ќе се бришат и луѓето после тоа време нема да можат да знаат каде сте биле во минатото.

Меѓутоа, сето ова е доволно некој да може да ги открие точните делови на градот во кои често престојувате, како и местата кои ги посетувате, каде работите и кои ви се омилените ресторани.

Предностите кои ги има активирањето на оваа опција се прилично ограничени. Само затоа што можеби две лица сакаат да испијат кафе на иста локација, не значи дека се создадени еден за друг.

Од другар страна, сите кои сакаат да “манијачат”, на располагање ќе имаат доста податоци, а и самиот Tinder ќе добие многу материјал од кој може добро да заработи – доколку тоа го сака.