Скопјанката од македонски ИП адреси извршила успешни трансакции на продажни места на повеќе фирми на интернет и притоа ја оставала својата електронска пошта.

Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 30-годишна скопјанка која со платежна картичка на друго оштетено лице направила 15 онлајн трансакции, при што нанела штета за околу 33.000 денари.

Исто така, на 05. септември годинава пријавената направила уште една трансакција на банкомат во Скопје во висина од 6.000 денари.