Моделите „пежо 208“, „308“ и „2008“ со Active ниво на опременост, врвна технологија и безбедносни системи од најновата генерација се достапни преку нова промотивна кампања.

Моделот „пежо 208“ уште на прв поглед освојува со својот стил, избор на свежи бои на екстериерот и најсовремена иновативна технологија и потполно се издвојува од останатите во сегментот.

„Пежо 308“ е креиран по најновите стандарди каде ентериерот на возилото, i-Cockpit, е одлика на гамата. Ентериерот i-Cockpit се фокусира на возењето што ви овозможува целосна контрола, овозможувајќи поголемо држење на патот.

Во компактниот SUV-сегмент, „Пежо 2008“ се издвојува од толпата со својот примамлив самодоверлив дизајн и својата вистинска моќност и карактер кои го прават робустен и софистициран. За повеќе информации сите заинтересирани може да се обратат во продажно-сервисната мрежа на „Пежо“ или на официјалната интернет-страница и да закажат тест-возење.