Компанијата Mayfield Robotics произведе робот наречен Kuri Vision, кој е целосно автономен и самиот ги совладува препреките. Тој автоматски ги снима сите убави моменти во домот.

Опремен е со неколку микрофони, а видеата од 5 секунди ги испраќа на вашиот смартфон. Роботот во меморијата задржува сè што ќе сними, а преку апликација ги одбира најдобрите и ги споделува со другите. Овој робот ќе чини 799 долари и ќе биде достапен кон крајот на годината.