Уште една лажна наградна игра во која парите паѓаат од небо – буквално – ги запоседна профилите на Viber во регионот. Пораката што ќе ја видите во галеријата на фотографии, најопуштено игнорирајте ја, бидејќи не ви може ништо, но никако не одговарајте на неа, да не се заплеткате во системот, што во подоцнежна фаза би можело да ве чини вашата приватност на интернет (кражба на податоци и слично).
Овој пат „дарител” е големата американска телекомуникациска компанија AT&T, која ви подарува ни помалку ни повеќе, туку 400.000 долари. За возврат би требало да им се јавите, да пополните прашалник, да ги оставите своите податцои на кои можат да стапат во контакт и кој знае што уште не! Секако – не оставајте ништо од тоа, ни случајно!
Одредени интернет портали од регионот ги проверија адресите од мејловите и сајтовите, кои се наведени во пораката и ниту една не ја поседува компанијата AT&T, па очигледно се работи за голема измама.
Пријавете го злонамерниот број веднаш!
Поврзани артикли