BlackBerry е во завршна фаза на подготовка за претставување на нов смартфон, а тоа е моделот Key 2

BlackBerry Key 2 ќе биде претставен на 7. јуни во Њујорк, а тоа е најавени преку Twitter со пораката „Иконата е повторно родена”.

Key 2 е очигледно наследник на минатогодишниот модел KeyOne, кој беше изненадувачко освежување бидејќи делувапе како „анти-смартфон”, а со тоа ги импресионираше оние кои имаа прилика да го тестираат.

Овој уред имаше физичка QWERTY тастатура, прилично добра камера и солидна батерија, а користеше оперативен систем Android.

Се очекува дека Key 2 ќе има подобри спецификации и две задни камери, што го покажуваат и рендерите објавени во Кина.