Xiao Long е најновиот вработен член во банката China Construction Bank. Станува збор за првата банка во светот во која работат роботи, а која се наоѓа во Шангај.
„Добредојдовте во China Construction Bank. Како можеме да ви помогнеме?“, се зборовите со кои Xiao Long или „Малиот змеј“ ги изговара кога ќе му пристапи клиент.

Роботот разговара со клиенти, ги зема нивните картички, ги проверува сметките и овозможува внесување на пин, а може да одговори и на неколку основни прашања. После краток разговор, клиентите поминуваат преку електронска врата каде се скенираат нивните лица и личната карта.

За сите идни посети на оваа банка доволно ќе биде скенирање на лицето за вратата да се отвори. Во банката е возможно да се отвори и нова сметка, да се изврши трансакција на пари и да се менуваат валутите.

Во банката има уште еден робот кој ги пречекува клиентите, а тука е и посебна просторија во која клиентите преку видео линк ќе можат да разговараат со вистински луѓе вработени во банката.

Банката е опремена и со неколку безбедносни камери, а секоја сомненителна активност е аларм за членовите на обезбедувањето. Во Кина постојат поголем број на роботи кои се користат во најразлични цели, па така некои од нив се поставени и на железничките станици од безбедносни причини.

Шефот на кинескиот e-commerce гигант JD.com неодамна изјави дека роботите во иднина ќе ги заменат и луѓето во продавниците. Роботите во Кина денеска се користат за готвење, како во ресторани, така и во индустриските кујни. Роботизирани келнери исто така постојат, но се уште се доста бавни.

Извор: Klix.ba