Злонамерните апликации се вратија во Google Play Store

Изгледа дека заострените правила не ги спречија злонамерните апликации да се провлечат во продавницата на Google и да пристигнат на уредите со Android. Но порачуваат дека сега се е во ред.

Google во последните неколку месеци направи многу за да ги спречи злонамерните програми кои му се закануваа на Android, но очигледно има уште простор за подобрување. Symantec неодамна откри седум претходно отстранети апликации кои повторно се појавија во продавницата на Google преку нов издавач и со ново име.

Маскирани како апликации за продуктивност, се послужија од официјалните фотографии на Google за да го скријат своето потекло. Не е јасно како ги прескокнаа овие апликации, но Google најпосле сепак ги исфрли…

Наодите се малку збунувачки, во најмала рака. Иако не е невозможно злонамерниот софтвер да се провлече во Google Play, ретко се враќа без барем некои битни измени. Во теорија, самата промена на името не би требало да биде доволна. Но, злонамерниот софтвер помина, а ова не е баш суптилен потсетник дека не мора нужно да исчезне само затоа што е отстранет од продавницата, објави Engadget.