Популарната Battle Royale игра PUBG Battlegrounds е повторно објавена, но овој пат во форма на бесплатен наслов.

PUBG Battlegrounds сега е бесплатен за компјутери и конзоли, а корисниците добиваат бесплатен основен профил.

Ова им овозможува пристап до повеќето содржини во играта, но не до сите. Некои премиум додатоци ќе бараат купување на надградба на Battlegrounds Plus.

Играчите кои веќе го купиле PUBG, пред да стане бесплатен, автоматски добиваат надградба на нивната сметка на Battlegrounds Plus, како и некои дополнителни ставки.

PUBG е на гејмерската сцена повеќе од четири години, популаризирајќи го жанрот „Battle royale“, пред Fortnite и другите игри да излезат на сцената.

Покрај тоа, PUBG продолжува да биде една од најпопуларните игри, а на Steam генерира повеќе од 370.000 играчи кои се во играта во исто време.

Треба да се спомене и дека PUBG Mobile е една од најпопуларните игри во светот.