Huawei P smart Z е прв телефон на кинеската компанија со pop-up селфи камера. Тоа значи дека 6,59-инчниот LCD екран е непрекинат со засек/отвор за камера. Покрај ова, P Smart Z не е скап телефон и на сајтот на Amazon Italia веќе се нуди по цена од 280 евра.

Смартфонот нема сензор за отпечаток од прст во екранот,  но тука е традиционалниот читач на задниот дел. Задната страна има завршница со двојна текстура, а тука се наоѓаат и две камери: 16MP главна + 2MP depth. Предната камера, која е сместена во pop-up механизам, има 16 MP сензор. На механизмот му е потребна секунда за да се продолжи, а тестиран е да трае 100.000 циклуси. AI поддршката е достапна и за предната и за камерата на задниот дел.

Huawei P smart Z го покренува Kirin 710F чипсет, во комбинација со до 4GB RAM и 64GB простор за складирање (присутен е microSD слот за поддршка до дополнителни 512 GB). За софтверската поддршка е задолжен Android 9 Pie со EMUI 9.0 интерфејс.

Телефонот има 4000mAh батерија, но не е спомената поддршката за брзо полнење. P smart Z се уште не е достапен официјално, но забележан е на неколку сајтови на Huawei во Европа.