НАСА има „само“ три услови за да станете астронаут

Мит е дека сите астронаути се воедно и пилоти, додека вистината е дека искуството во пилотирање е навистина голем плус при пријава за оваа работа, но никако не е услов кој мора да биде исполнет.

Преовладува мислењето и дека астронаутите мораат да имаат и совршен вид, но вистина е дека тоа можат да го постигнат и со ласерска корективна операција. Единствен услов е да помине една година од операцијата до пријавата за работа.

За да добиете работа во НАСА, потребно е да имате диплома од некоја од STEM науките. Секој дополнителен академски чекор се смета за бонус, но и една година работно искуство може да биде замена за мастер или докторат.

Пред пријавата погрижете се да имате и 3 години работно искуство, како и тоа да сте добро физички подготвени.

Потполна дезинформација е дека астронаутите мораат да бидат војници, а не морате да бидете ни многу стари за оваа работа. Просечен астронаут има 34 години, но се пријавуваат професионалци од 26 години па натаму.

Ако навистина сакате да бидете астронаут, размислете за следново.

Немате проблеми со тоа животниот простор да го делите со многу цимери, понекогаш лошо да се храните, да имате проблеми со тоалетот и да лебдите во бестелесна положба.

Не ви претставува проблем да одлгедувате цвеќиња во вселената, да правите научни експерименти и постојано да гледате во земјата.

За овие работи, покрај тоа што треба да сте авантурист, потребно е навистина да ја сакате науката и технологијата, а најмногу од се вселената.

Извор: B92.net