Германскиот производител на авто делови ZF дизајнирал безбедносни воздушни перничиња кои се надувуваат надвор од патничкото возило и тврди дека нивниот производ е подготвен да се појави на пазарот.

Воздушните перничиња своевремено донесоа вистинска револуција во областа на безбедноста на патниците, но последниве години фокусот на производителите на автомобили е фокусиран на електронските системи за асистенција на возачот.

Германскиот ZF, пак, во меѓу време има работено на развој на нов систем на воздушни перничиња, кој и официјално е претставен на симпозиумот Airbag 2018, во Манхајм во ноември.

Овој иновативен концепт е развиен првенствено со цел во иднина да се заштитат патниците во самоуправувачките возила, бидејќи воведувањето на технологиите за автономно возеење најверојатно ќе доведе и до промена на моменталната конфигурација на седиштата во патничките автомобили.

Според оваа идеја, конвенционалните странични воздушни перничиња се пренесуваат од внатрешноста на патничкиот простор на надворешната страна на возилото – во праговите на автомобилот, а со нивното активирање се покрива целата должина на возилото помеѓу оските.

Системот делува така што сензорите поставени по должината на автомобилот детектираат неизбежен судир и во интервал помал од 100 милисекунди го активираат системот на надворешни воздушни перничиња.

Целиот текст можете да го прочитате на порталот Додај Гас