Непрофитната организација New Story уште во мај објави рендери од плановите за цела населба, која би ја изградила само со помош на 3D печатач, а визијата сега е уште поблиску до реалноста, бидејќи пред неколку дена беше претставена првата конструкција.

Планирано е во Мексико да се изградата 50 вакви домови во кои би можеле да се вселат цели семејства. Куќите имаат над 45 квадратни метри површина, а отпечатени се со помош на Vulcan II печатачот, кој компанијата Icon го дизајнираше специјално за овој проект. За печатење на една куќа потребни се само 24 часа, а секоја има две спални соби и купатило. Семејствата кои би требало да се вселат во овие куќи имаат приходи кои се пониски од 80 долари месечно, поради што моментно се сместени во бараки кои не ги штитат од временски непогоди и други надворешни фактори

Овој проект би можел да ги инспирира и компаниите од другите делови на светот, бидејќи се тврди дека не се работи за „луда идеја“, како што многумина тврдеа на почетокот, туку за проект кој би можел да им донесе покрив над главата на оние, кои најчесто спијат под ведро небо.