Досега се слушнати многу теории дека мисијата Аполо 11 не се случила, иако имаше можност да се гледа и во живо. Но сомнежите постојат до ден денешен.

Луѓето забележаа нешто чудно од фотографијата на отисокот од чизмата, па отишле во Националниот музеј за авијација и астронаутика во Вашингтон, каде се изложени костимите на астронаутите. Тука е утврдено дека ѓонот на чизмата на Нил Армстронг не одговара со отпечатокот на Месечината.

Но, има причина за тоа. Прво, додека Армстронг и другите членови на екипажот носеле вселенски костим (Skylab A7L) имале и друга опрема. Конкретно, чизми со длабока ознака на газечкиот слој, токму како оние од отисокот на Месечината. Второ, отисокот на фотографијата не му припаѓа на Нил Армстронг туку на Баз Олдрин. И трето, чизмите не се во музејот, туку оставени се на Месечината заедно со друга опрема.