Компанијата Apple почна со отстранување на апликации од App Store кои ги кршат правилата за споделување на податоци за локацијата на корисникот со трети страни, без никаква согласност.

Станува збор за кршење на членовите 5.1.1 и 5.1.2 од правилникот на компанијата во кој се наведува дека апликациите не смеат да испраќаат податоци за локацијата на трети страни без согласност од корисникот, ниту да ги користат за недозволени цели.

Програмерите кои ги прекршиле правилата се известени, а Apple ги информирал дека нивните апликации не се во склад со новата евалуација.

Меѓу тие апликации се и оние кои не им пружаат доволно јасни информации на корисниците за она што се случува со нивните податоци откако ќе бидат собрани.

Потезите на Apple се поврзани со законот за заштита на податоци кој во Европа ќе стапи на сила на 25-ти мај. Новите правила налагаат компанијата да мора да добие јасно одобрување од корисникот чии податоци се собираат. Тоа значи дека компаниите ќе мора да бараат согласност од корисниците за користење на нивните податоци или јасно да нагласуваат дека ги користат истите.

Девелоперите кои сакаат да ги вратат своите апликации на App Store ќе мора да го отстранат секој код или алатка за развој на софтверот кој се однесува на споделување на податоците за локацијата со трети страни, по што ќе следи нова проверка.

Сè уште не е познат точниот број на отстранети апликации од App Store.

Извор: Klix.ba