Компанијата Samsung објави нов LED Red пакет кој емитува црвени бранови во опсег од 660-нанометри (nm) распон, кои ја подобруваат фотосинтезата. Тука е и LG351B Red, кој троши помалку и ефективно ја спроведува топлината, со цел да им овозможи на фармите да ги намалат трошоците, истакнува Samsung.

Јужнокорејската компанија исто така во својата понуда го додаде и Photosynthetic Photo Flux (PPF), со енергија на светлост од 400nm до 700nm, на своите други LED пакети (LM301B и LM56C), кои конзумираат помалку од 1W енергија. Додаден е и PFF на H influx и Q сериите LED модули на Samsung.

LED производите ќе бидат корисни на фармите за да го подобрат растот на растенијата и да заштедат енергија, а во бизнисот со LED комерцијалните работи, компанијата влезе во 2015. година, кога ја купи американската фирма Yesco.

Ривалската компанија LG исто така има свои LED-базирани брендови, кога воглавно им се наменети на автомобилите.