Уште една голема „фаца“ се огласи против најпознатата криптовалута
Откако американскиот милијардер и финансиски магнат Ворен Бафет го нарече Биткоинот „отров за глувци, кој не вреди ништо”, во „прогонот” на криптовалутите му се придружи и Бил Гејтс.
Гејтс изјави за CNBC дека биткоинот станал статусен симбол и дека, бидејќи не произведува ништо, не би требало да се очекува дека ќе оди нагоре.
„Се согласувам дека би требало да се ослободиме од биткоинот, ако за тоа постои лесен начин”, рече Гејтс, додавајќи дека Биткоин е рамен на вложување во глупости.
Бил Гејтс е член на Управниот одбор на инвестицискиот фонд „Беркшир Хатавеј“, чиј директор е Ворен Бафет.