Познатиот производител на лифтови ThyssenKrupp уште во 2014 година откри дека работи на лифтови без кабли кои би можеле да се движат вертикално, но и хоризонтално. Оваа идеја одлично е прифатена од страна на архитектите, бидејќи овие лифтови значително ќе влијаат врз развојот на високи згради, бидејќи ќе се елиминира потребата за вертикално порамнување, но воедно би ги намалиле и димензиите на прозорците на лифтовите.

Па така, идејата станува реалност: германската компанија ThyssenKrupp најави дека првиот лифт MULTI вграден во пробна зграда. Односно, дека East Tower во Берлин ќе биде првиот објект во кој ќе биде инсталиран лифтот MULTI и тоа до крајот на оваа година.
„Овие лифтови може значително да ја изменат целата индустрија, бидејќи ќе го променат начинот на проектирање на високи згради. Ем основите подобро ќе се искористат, ем ќе ја подобрат комуникацијата во зградата“, вели Ентони Вуд, директор во CTBUH.

Лифт без кабли

Лифот MULTI од неодамна се тестира во кулата за иновации на ThyssenKrupp во германскиот Rottweil. Пробната зграда висока 246 метри има 12 кабини за лифтови, од кои три се резервирани за MULTI, овозможувајќи им на инженерите да ја тестираат ефикасноста на лифтовите без кабли. Во оваа инсталација, се тестираат сите нејзини лифтови, вклучувајќи го и оној за автомобили кој достигнува брзина од 18 метри во секунда.