Компанијата Virgin Hyperloop и BMW го претстави концептот на нов јавен превоз кој наскоро би можел да стане реалност во Обединетите Арапски Емирати.
Се работи за капсула која ќе левитира на електромагнети и ќе се движи низ вакуумски тунел.
Токму поради тоа што е вакуумски тунел, тоа значи дека нема отпор од воздух, а поради левитација на електромагнети нема триење на шините.
Според тоа, новиот тип воз би требало да се движи со брзини поголеми од 1.200 километри на час. Ова е просечната брзина на звукот и речиси 300 километри побрзо од патничкиот авион.
Според експертски проценки, патот од Дубаи до Абу Даби, кој изнесува околу 140 километри, ќе биде можно да се помине за 12 минути. Со автомобил е потребен околу еден час и половина.
Тунелот ќе се напојува од сончева енергија, а отворањето е планирано за 2020 година.
Се проценува дека возот би требало да превезува околу 10.000 луѓе на еден час. Добре дојдовте во иднината.
https://www.youtube.com/watch?v=Pbig0S5idQw
https://www.facebook.com/dubaiholidaysuk/photos/a.183637515325437.1073741828.181636325525556/568888970133621/?type=3&theater
Извор: B92.net
Поврзани артикли