Вселенското летало на NASA ја допре површината на астероидот Бену и зема примерок од карпата која потекнува од почетокот на нашиот сончев систем.

Механичката рака на сондата OSIRIS-Rex, долга 3,35 метри, зеде неколку камења во близина на северниот пол на астероидот, пренесува Ројтерс.

Бену, што е оддалечен повеќе од 100 милиони километри од Земјата и чие тело е во форма на желад е формирано на почетокот на Сончевиот систем, би можел да одговори за почетокот на животот на Земјата.

Операцијата, која траеше 16 секунди, бараше голема прецизност и беше успешно изведена на растојание од дури 330 милиони километри од Земјата.

„Сè одеше совршено. Ние испишавме историја вечерва“, изјави Данте Лорето, шефот на мисијата, неколку минути по контактот.

Сондата ќе испрати слики од колекцијата на примероците во текот на денот, така што научниците ќе можат да утврдат колку материјал е собран и дали е потребен друг обид за собирање примероци.

Доколку се утврди дека мисијата е успешна, сондата ќе се врати на Земјата, а нејзиното пристигнување се очекува во 2023 година.