Сајтот кој пред четири години го освои интернетот со брзина на светлината, по што беше изгасен, сега повторно е активен.

PopCorn Time на својата оригинална адреса popcorntime.io е изгасен.

Сега, пак, апликацијата за P2P илегално гледање филмови повторно е вратена, овој пат на адресата popcorntime.sh. На адресата не е можен стриминг на филмови, како на некои од овие адреси, но можно е да се преземе плеер односно апликација, која е илегална, а овозможува нелегално гледање блокбастер филмови од најновата продукција, како и стари филмски или сериски хитови, кои ги има илјадници.

На оригиналната веб-адреса, која поседува MPAA, се појавува редирекција, која води до сајтот https://stream.cr, на кој е можен стриминг на филмови, што исто така е нелегално. Ова е многу чудно, со оглед на тоа дека MPAA направи се за да го изгаси PopCorn Time, а сега на оригиналмата адреса повторно се појавува пиратска и нелегална содржина, објави TorrentFreak.