Есцентричниот милијардер Елон Маск неодамна на Twitter ги збуни и израдува медиумите и фановите со објавата на бизнис планот за кој и натаму не знаеме дали е вистински.

На технолошкиот визионер и главен човек на Tesla и SpaceX, Елон Маск навистина не му недостасуваат необични идеи. Откако најави изработка на кибернетски змеј и ги воодушеви хазардероте со куќните фрлачи на оган, Маск објави дека работи на основање на компанија за производство и продажба на слатки, објави Engadget.

Сите портали кои ги следат ескападите на Маск автоматски посегнаа во Twitter за да проверат дали се работи за виц, но одговорот, се чини пристигна пред самото прашање.

Ако претпоставиме дека тука не се работи за уште еден вид, се поставува прашањето – зошто? Дали во новиот деловен потфат ќе учествуваат и други компании? Не би се зачудиле ако камионетите на Tesla почнат да превезуваат бонбони и чоколади.

Кој знае, можеби Елон Маск планира да произведува слатки за идните колонизатори на Марс.