Долго време теоретичарите на заговор тврдат дека авионите не летаат над Пацификот затоа што земјата е рамна и според тоа пилотите немаат потреба да го прелетаат големиот океан. Но во новото видео коешто неодамна беше објавено на „Јутјуб“ дава логично објаснување за целата оваа работа.

Експертите по воздухопловство велат дека станува збор за безбедносно прашање. Ако се случи некаков дефект пилотите во авионот кога ќе летаат над Тихиот Океан, ќе немаат место каде да слетаат и ќе немаат многу простор за маневар. Тие кога планираат некоја маршрута, сакаат да го зголемат бројот на аеродроми каде ќе слетаат попатно.

Друга причина зошто авионите го избегнуваат најголемиот и најдлабок океан на светот е поврзана со штедењето на гориво и пари. На авиокомпаниите како и во секој друг бизнис важен им е профитот. Во видеото е објаснето дека она што нам ни изгледа како права линија на глобусот и не е толку права линија и не е најблиската маршрута.