Нов рекорд во најбрз лет на патнички авион од Австралија до Велика Британија постави авиокомпанијата „Квантас“. Авионот Боинг 787-9, кој летал од Перт до Лондон стигнал за 16 часа и 29 минути, наместо вообичаените 17 часа и 20 минути.

Претходниот рекорд, кој го постави истата компанија, изнесува 16 часа и 35 минути.

Од компанијата претходно соопштија дека проблем би можела да претставува борбата со ветерот. „Квантас“ првиот директен лет меѓу Австралија и Лондон го воведе во март.