Телескопот на NASA, Kepler Space Telescope, откри планета која потсетува на Земјата, во зоната Голдилокс од нашата галаксија. Kepler-186f се наоѓа на околу 500 светлосни години оддалеченост од Земјата, во соѕвездието Сигнус.

Голдилокс зоната се смета за зона во која е можно да има услови за живот, а тоа е всушност област околу ѕвезда во која објектите со планетарна маса со доволно атмосферски притисок можат да имаат вода во течна агрегатна состојба.

Иако претходно беше предвидено дека постојат околу 40 милијарди планети со големина на Земјата во нашата галаксија, оваа планета е првата за која научниците тврдат дека има услови за живот и се наоѓа доволно блиску до нејзиното сонце.

Покрај Kepler-186f, постојат уште 4 планети кои орбитираат околу истата ѕвезда од ѕвездениот систем на Kepler-186f. Ова значи дека ако ѕвездата околу која орбитира Kepler-186f е слична на нашето Сонце, тогаш шансите дека таму постојат услови за живот се зголемуваат.

„Знаеме само за една планета на која има услови за живот – Земјата. Кога бараме услови за живот надвор од нашиот Сончев систем, ставаме фокус на планетите кои имаат исти карактеристики како Земјата. Откривањето на зона во која може да постои живот е огромно откритие“, вели Елиза Кинтана, главен автор на истражувањето во кое беше откриена Kepler-186f.

Соседната ѕвезда на Kepler-186f е двојно помала од нашето Сонце и емитува само третина од сончевата енергија која ја емитува Сонцето. Kepler-186f прави полн круг околу сонцето секои 130 дена.