Астрономите открија 14 различни галаксии кои само што не се судриле во вселената. Набљудуваната структура е означена како галактичко прото-јато и претставува предвесник на огромно галактичко јато кое би можело да настане.

Галактичките јата се огромни структури кои се состојат од неколку стотици до неколку илјади галаксии, кои ги поврзува гравитацијата.

Се претпоставува дека просторот кој го заземаат 14-те забележани галаксии, е четири пати поголем во однос на нашата галаксија Млечен Пат, а ова е првпат ова прото-јато да е забележано, пишува „Индепендент”.

Меѓутоа, она што најмногу ги изненадило научниците е дека ваквите прото-јата не би требало да се формираат во наредните неколку милијарди години.

„Ние сме изненадени од последиците. Вообичаеното мислење беше дека на галактичките јата им треба многу повеќе време да се соберат и оформат. Сепак, SPT2349 ни покажува дека тоа се случило многу побрзо и поексплозивно отколку во претходните случаи и секако побрзо од она што се наведува во теорија”, рече Скот Чепмен.

Научниците веруваат дека галактичкото јато, наречено SPT2349, е 10 трилиони пати поголемо од сонцето. Јата од овие големини обично содржат огромна маса на темна материја и црни дупки. Оваа галаксија е способна да формира ѕвезди 10.000 пати побрзо од нашата.

Експертите сметаат дека, поради брзината на формирање, галактичкото јато SPT2349 во одреден момент може да стане еден од најголемите познати структури во универзумот.

„Како ова соединување на галаксии стана, толку брзо, толку големо, засега е мистерија. Тоа не е формирано постепено со текот на милијарди години, како што очекуваат астрономите. Ова откритие претставува одлична можност за конечно да се испита како огромни галаксии се собираат за да изградат вака огромни галактички јата”, вели астрономот Тим Милер од Универзитетот Јеил.

Уште еднаш се потврдува фактот дека ништо не знаеме за нашиот прекрасен универзум.

Извор: B92.net