Скандалот со компанијата „Кембриџ аналитика“ и обелоденувањето лични информации на корисниците на „Фејсбук“ ги натераа другите социјални мрежи и апликации да најдат начини за да не ја изгубат довербата на своите корисници.

Во овој контекст една од најпопуларните апликации за повици и текстуални пораки почна на своите корисници да им испраќа известувања за безбедноста.

„Во пресрет на неодамнешните настани во врска со безбедноста на социјалните мрежи ве потсетуваме зошто ‘Вибер’ е најбезбедната апликација за пораки“, се вели во соопштението.

Во пораката се наведени три причини што ја оправдуваат ваквата констатација.

„’Вибер’ не може да го чита или да слуша кој било разговор или повик, благодарение на двоjната енкрипција. Во секое време можете да ги избришете веќе испратените пораки од телефонот на примателот. Може да се испрати порака со ограничено времетраење во тајни разговори“, се наведува во пораката.