BMW, во соработка со калифорниската компанија Virgin Hyperloop One, составува физички прототип на патничка капсула, која ќе ја претстави на настанот City Walk во Дубаи, како дел од UAE месецот на иновации.

Судејќи според објавата на баварскиот бренд, оваа патничка капсула се движи со електромагнетен погон и достигнува брзина од 1.080 километри на час.

Со таа брзина, патот од 140 километри од Дубаи до Абу Даби би траел само 12 минути.

Следен чекор од целокупната постапка претставуваат преговорите меѓу Virgin Hyperloop One со властите и челниците за сообраќаниот промет во Дубаи, за капсулата да се претвори во реалност во текот на следниве неколку години.

Капсулата нема прозорци, но нејзината внатрешност е опишана како „комфорна и многу ангажирана“. Патниците од безбедносни причини ќе мораат да седат во текот на целото патување.

Капсулата би требало да стане реалност за две години

Што се однесува до карактеристиките, овој дизајнерски концепт поседува повеќенасочни и лично контролирани светла, дигитални дисплеи, традиционални арапски обрасци и голема удобност.

Ако некој се определи за прва класа, сигурно ќе ужива во кожни седишта со греење и ладење, како и touch screen за лична употреба.

Во употреба би требало да се најде во 2020 година, а се проценува дека капсулата би превезувала околу 10.000 луѓе по час.

Извор: Локално