IBM го направи најмалиот компјутер на светот, со кој ќе може да се следат објекти, да се залажуваат фалсификатори, како и да се зголеми ефикасноста. Според истражувачите од IBM кои го претставија експерименталниот уред, компјутерот кој е со големина на зрно на сол, може да го трансформира транспортот низ планетата. Уредот ја користи популарната blockchain технологија, која ќе овозможи безбеден и ефикасен запис на физички објекти кои ќе бидат маркирани со малите компјутери, а шпедитерите ќе можат да го следат секој чекор од долгиот синџир на транспорт, а со тоа би биле оневозможени и фалсификаторите и ќе се зголеми продуктивноста.

Според Dan Friedman кој е менаџер за комуникациски кола и системи во IBM Research, IBM сака да направи систем кој ќе биде побезбеден отколку баркод впишан на хартија. Уредите ќе имаат дигитален потпис и тоа ќе претставува криптографска идентификација.

Овој компјутер нема огромна процесорска моќ и нема да однесе астронаути на Марс, но се изедначува со моќта на x86 процесорите од 90-те години, па има доволно процесорска и комуникациска моќ за интеракција со системите кои ќе го следат.