Дваесетгодишната девојка од Нов Зеланд, која живеела во Лондон, Тони Кели починала паѓајќи од вториот спрат, во обид да направи селфи со својот смартфон.

При своите патувања околу светот, Кели постојано се фотографирала, особено сликајќи селфи фотографии. На пример, на последните слики, Kelly се наоѓа пред Big Ben и Trafalgar Square. Пред две недели, девојката била дома во Tooting каде правела селфи во својот дом на втор спрат, од каде паднала, и за жал починала.

Семејството на Kelly започнало со собирање финансиски средства, а досега има собрано 38.000 долари, што ќе помогне нејзиното тело да биде пренесено дома. Запомнете, ниедно селфи, ниту слика не е толку вредна, за да го ризикувате својот живот за неа!