Колку подолго сте сопственик на еден автомобил, толку повеќе навики создавате при користење на истиот. За жал, не секогаш тие навики се добри, а колку поискусни станувате толку потешко е да се откажете од тие лоши навики при возењето. Кои лоши навики во расипуваат вашиот автомобил создавајќи ви непланирани трошоци?
Одморање на раката врз менувачот
Многу луѓе имаат навика да ја одморат десната рака врз менувачот додека возат. Ова треба да се избегнува од неколку причини. Првата и најочигледна е затоа што двете раце треба да се на воланот. Следната причина е тоа што овој притисок врз менувачот, иако мал, прави вибрации во истиот и ги разместува синхронизациите и брзините, а ова со тек на времето доведува до проблем при менување на брзините.
Кога вашиот автомобил е во мирување, во резервоарот се акумулираат нечистотии од горивото и на дното се формира талог. Овие нечистотии навлегуваат во пумпата за гориво и филтрите и предизвикуваат штета. За време на зимските месеци осигурајте се секогаш да имате барем половина полн резервоар, за да избегнете формирање на големи количини на кондензат. При температури на мрзнење, присуството на вода во резервоарот може да доведе до деформација на истиот и други слични проблеми.
Често кочење
„Одржувајте пристојна оддалеченост и возете во склад со густината на сообраќајот“ е нешто на што постојано ве учат при обуката за возење. Но ако постојано кочите без потреба ќе треба да издвоите голема сума од вашиот буџет на замена на кочниците. За да го избегнете ова запомнете често да ги менувате цревата за хидраулична течност за кочниците и да внимавате нивото на истата да биде секогаш во нормалата.
Игнорирање на необични звуци кои доаѓаат од возилото
Мало крцкање и останати необични звуци може да бидат знак дека нешто не функционира како што треба. Многу луѓе ги игнорираат овие знаци и како резултат на тоа често пати им се случува да им се расипат возилата на сред пат. Доколку забележите чудни звуци од вашиот автомобил веднаш однесете го на сервис за да се види каде е проблемот.
Некористење на рачната сопирачка
Кога го паркирате автомобилот на нагорнина во брзина, целиот товар на автомобилот го трпи менувачот. Кога паркирате на нагорнина секогаш прво дигнете ја рачната кочница, а потоа полека отпуштете ја ногата од кочницата.
Развивање на висок број на вртежи на незагреан мотор
Најголем дел од новите мотори немаат потреба од загревање, но добро е да се запамети дека додека мерачот за температура не покаже оптимална температура, не би требало да развивате повеќе од 2000 вртежи. При временски услови на мрзнење се препорачува моторот да работи 1-2 минути пред да тргнете со автомобилот.
Држење на ногата на сопирачката додека возите по надолнина
Голем дел од возачите настојуваат да ја држат ногата на педалата за кочење додека се спуштаат по надолнина за да можат постојано да прикочуваат. Ова може да доведе до прегревање на кочниците и брзо трошење на дисковите и гуртните. Вистинскиот начин да се спуштите по надолнина е да смените во пониска брзина и да го користите моторното кочење.
Поврзани артикли