Samsung ја потврди својата намера да ги надмине конкурентите на пазарот со промоција на паметен телефон со флексибилен екран.

Се очекува корејскиот производител да открие повеќе детали за уредот во ноември. Вистинската премиера е малку веројатно да се случи пред почетокот на следната година. Уникатниот дизајн е гаранција дека флексибилниот смартфон ќе може да се купи по прилично висока цена и првично ќе биде произведена само лимитирана серија од неколку стотици илјади примероци.

Компанијата сега ја патентира трговската марка „Д Фјучр Анфолд“ (The Future Unfold), која се очекува да биде употребена во маркетинг материјалите за промоција на смартфонот. Во документите на Samsung се наведува дека во иднина The Future Unfold ќеможе да се користи за новата генерација мобилни уреди, но исто и за телевизори, светлечки тела, фрижидери, машини за миење садови и др. Изгледа дека Samsung гледа голем потенцијал во технологијата и ќе ја користi во максимален број на производи, пренесе „GizChina“.

Во оваа фаза, нема нови детали за плановите на Samsung за премиерата на нивниот прв паметен телефон со флексибилен екран. Регистрацијата на трговскиот бренд веројатно значи дека откако уредот ќе биде официјално претставен, ќе има многу додатоци и промотивни материјали користејќи го овој слоган. Моделот се очекува да се нарече Galaxy X и е широк околу 7 инчи, кога истовремено се отворени двете страни, и тие може да се преклопат како книга.